Калкулатор за плата 2026

Бруто во нето и нето во бруто, според стапките што важат во Македонија во 2026 година.

Како се пресметува

1. Основица за придонеси = бруто платата, но најмалку и најмногу денари (50% и 16 просечни плати; просечна плата за 2026: 69.141 ден.).
2. Придонеси = стапка × основица: ПИО , здравство 7,5%, дополнително здравство 0,5%, невработеност .
3. Даночна основа = бруто − придонеси − даночно намалување (10.932 денари месечно).
4. Персонален данок = 10% од даночната основа.
5. Нето = бруто − придонеси − данок. Трошок за работодавачот = бруто (плус евентуални додатоци надвор од бруто).
Од јули 2026 ПИО е 19,9% (претходно 18,8%) а невработеност 0,1% (претходно 1,2%); вкупните придонеси остануваат 28%.

Корисни бројки за 2026
Минимална плата (од март 2026)38.507 бруто / 26.046 нето
Просечна плата (јули 2026, ДЗС)72.935 бруто / 48.499 нето
Даночно намалување10.932 ден. месечно (131.184 годишно)
Персонален данок на доход10%

Извори: УЈП (упатство 1178/1266, водич 641), Службен весник 252/25, Државен завод за статистика (септември 2026). Калкулаторот е информативен; платните листи ги прави работодавачот според МПИН. Заокружувањето по ставка може да го помести нето износот за ±1 денар.